Големо разочарување владее во таборот на Тотенхем по синоќешниот висок пораз на свој терен од Баерн со 7:2. Тренерот Маурисио Покетино упати апел до фудбалерите да останат сплотени.

– Сега треба да се држиме заедно. Се разбира, сите сме многу разочарани. Треба да се смириме. Не можете да влезете во соблекувалната после вакви натпревари и да започнете да викате едни на други под притисок на емоции. Се најдовме во многу тешка психолошка состојба. Но, треба да продолжите понатаму и да не се фокусирате на резултатот. Отпрвин се чинеше дека ова ќе биде најдобриот натпревар во сезоната за нас. Но, тогаш сè се сврти наопаку … Треба да разбереме дека изгубивме само три бода, изјави Покетино.

По две кола во Б-групата од Лигата на шампионите, води Баерн Минхен со шест бода, Црвена ѕвезда има три, Олимпијакос и Тотенхем по бод.