По барање на Обвинителството за настаните од 27 април попладнево беше приведен екс претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Покрај него, приведени се и екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Последното приведување очигледно доаѓа откако некој од притворените за „27 април“ дал изјава каква пто била барана од него.
Во јавноста веќе се шпекулира со можните имиња на соработниците на Рускоска.