Професорот Ендрју Полард, водачот на тимот кој ја разви вакцината на Астра Зенека против Ковид-19, рече дека таа може многу брзо да се модифицира за да се спротивстави на новата варијанта омикрон.

Според професорот Полард, прво мора да се спроведе истражување дали вакцината воопшто треба да се модифицира за новата варијанта на коронавирус. Ако се покаже дека е така, научниците можат многу брзо да ја преработат за да се спротивстават на варијантата омикрон, рече тој.

Полард предвидува и дека нема да бидеме сведоци на заживување на пандемијата кај вакцинираната популација, како што се случи минатата година по појавата на делта варијантата.