Низ САД, пријавени се 89 смртни случаи поврзани со временските услови по жестоките зимски бури што ја зафатија земјата минатата недела.

Најмалку 25 лица загинаа во сојузната држава Тенеси, а 16 во Орегон, каде сѐ уште е на сила вонредната состојба.

Смртни случаи се регистрирани и во Илиноис, Пенсилванија, Мисисипи, Вашингтон, Њујорк… Десетици илјади луѓе останаа без струја: 10.000 жители во Орегон, 8.000 во Северна Каролина, 7.000 во Калифорнија и 4.300 во Кентаки. Метеоролозите предвидуваат дека временските проблеми ќе траат до средината на следната недела, пишува Би-Би-Си.

Минатата среда три лица настрадаа од струен удар во Портланд кога на нивниот автомобил паднал далновод поради силниот ветер. Во Сиетл поради зимски услови за четири дена починаа пет лица, повеќето бездомници.