Митрополитот Русенски г. Наум на неговата Фејсбук страница ја реобјави својата изјава од мај 2018 година за македонското црковно прашање. Изјавата ја реобјави Соопштението на 19 мај 2022 година, без никакви корекции во текстот, што значи дека Наум стопроцентно го потврдува своето мислење и став од 2018 година до денес, а реаобјавата доаѓа по усвојувањето во евхаристиско заедништво на Црквата во Република Македонија од страна на Вселенската патријаршија како „Охридска“, но никогаш „Македонска“, и по последователната одлука на Синодот на Српската црква со која е поништена автокефалноста на МПЦ од 1967 година, а МПЦ е вратена во автономниот статус од 1959 година.
Изјава на Митрополитот Русенски г. Наум, мај 2018 г. реобјавена на неговиот ФБ профил на 19 мај оваа година:
Во врска со шпекулациите што ги шират поединци дека мнозинството од членовите на Св. Синодот на БПЦ-БП, донесувајќи ја својата одлука на 14.05.2018 година, станаа „народни предавници“, одбивајќи да испрати свои претставници на прославите во Охрид на 27 мај годинава, должни сме да го појасниме следното:
1. Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија никогаш немала намера да се откаже од својата вековна историја и канонско достоинство како наследник на историската Бугарска Охридска Архиепископија, без разлика на политичката ситуација.
2. За нас е неприфатливо претставниците на БПЦ-БП да учествуваат на претстојните празнувања во Охрид, по повод 1000-годишнината од основањето на Бугарската Охридска Архиепископија, бидејќи преку нивно присуство би се случило национално предавство. Имено, Бугарската Православна Црква ќе мора да прифати дека новата црковна формација, сега наречена „Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија“, формирана од политички причини пред само неколку децении, преку горенаведената прослава ќе го воспостави својот статус кво, присвојувајќи ја црковната историја на бугарскиот народ.
3. Бугарските архиереи се повикани достоинствено да го зачуваат својот национален идентитет, а во исто време се должни да ги држат токму канонските прописи на Светата Православна Црква, спречувајќи секакви отстапувања од единството на Светата Соборна и Апостолската црква.
4. Било какви сугестии дека „Бугарската Црква не треба да се плаши од можен раскол, признавајќи ја Македонската Црква сама и самоволно“ се резултат на апсолутна несоодветност и стремеж кон безредие, а нивните поддржувачи немаат право да се идентификуваат како православни христијани.
5. Во врска со широко распространетото писмо од митрополитот Стефан од Скопје, во кое се бара БПЦ-БП да стане Мајка Црква на Македонската Црква, мораме да појасниме и дека во оригиналниот документ од ноември 2017 година јасно стои дека „Македонската Православна Црква – Охридската архиепископија ќе ја признае и прифати БПЦ-БП како Мајка Црква, АКО таа прва ја признае нејзината автокефалност, односно оваа желба не е безусловна.“