Поради настаните после усвојување на Законот за слобода на вероисповедта, службеник во Центарот за безедност во Никшиќ, Милоје Шчепановиќ, после 30 години работа, вечерва дал отказ, зашто не сакал да учествува во полициската акција против граѓаните, објавува порталот Србија денес.
Шчепановиќ истакнал дека како верник, сосед и пријател на тие кои се на другата страна не можел да ја гледа примената ан сила против насобраните граѓаните, по што дал отказ од службата која е единствен извор на приходи за неговото семејство.
Инаку, некоу стотини граѓани вечерва се собраа пред храмот Св. Василиј во Никшиќ во знак на протест поради спорниот Закон по што дошло до судир меѓу полицијата и граѓаните.