Полицаец пукајќи денеска со пиштол рани човек кој „правел неред“ во катедрала во Берлин, соопшти полицијата која го блокирала влезот во зградата.
– Во катедралата Берлинер Дом во центарот на градот нашите колеги отвориле оган на маж кој дивеел и тој е ранет во ногата, сооопшти полицијата на Твитер, и ги повика граѓаните да не шират гласини.
Ројтерс ја пренесува информацијата на весникот Тагешпигел дека во катедралата има двајца повредени, споменатиот маж и лицето кое тој го нападнал.
Полицијата повика да се „избегнува секакво нагодување“ за мотивот на мажот кој „правел неред“ и посочи дека засега не може да изнесе детали.
Големата катедрала во Берлин, во историскиот дел на главниот град на Германија, е една од тамошните главни туристички атракции.
Агенцијата Франс прес констатира дека кај катедралата патролираат полицајци со автоматски пушки, а влезот во катедралата го блокира полициски кордон.