Полицаец во Киншаса, Демократска Република Конго, убил студент затоа што не носел заштитна маска при снимање видео, објавија денеска медиумите.
„Нашиот колега Оноре Шама, студент по литература на Универзитетот во Киншаса, снимаше видео како дел од практична работа поврзана со жанрот комедија. Полицаецот му рекол да стави маска, но и покрај објаснувањата и откако ја ставил маската, полицаецот се налутил бидејќи очекувал да добие пари и го обвинил за пружање отпор, по што пукал во него од непосредна близина”, рече очевидец на настанот, исто така студент, Петиент Одија.
Началникот на полицијата во Киншаса изјави дека полицаецот е во бегство. „Потрагата по него продолжува“, рече Силвано Касонго.
Носењето маски во Конго е задолжително, а кршењето на прописите се казнува со 10.000 конгоански франци или пет американски долари.
Како што јавуваат медиумите, полицајците во Киншаса редовно ги малтретираат луѓето и бараат пари за казна, без да издадат потврда за плаќање.
Од избувнувањето на пандемијата во март 2020 година, во Конго се пријавени 47.786 случаи на инфекција и 1.020 смртни случаи.
Вакцинацијата е прекината од 19 јули, бидејќи поминал рокот на вакцината „АстраЗенека“