Копија од пресудата за случајот со убиство на Алексис Григоропулос во декември 2008 година побара Врховниот суд на Грција од Апелацискиот суд во Ламија по ослободувањето на поранешниот полицаец Епаминондас Крконеас кој беше осуден поради што го усмрти 15-годишното момче, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Врховниот суд побарал да се достави пресудата за да ја разгледа и да одлучи дали ќе поднесе жалба или не.
Во случај да поднесе жалба судењето ќе се повтори.
Поранешниот полицаец Корконеас, во вторникот беше пуштен на слобода откако ден претходно, судот во грчкиот град Ламија доживотната затворска казна му ја намали на 13 години.
Момчето беше убиено во декември 2008 година по што масовни насилни протести ја заплиснаа Грција, посебно Атина.