На 12 август 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Н. (18) од Скопје, Х.И. (40) од село Инџиково, скопско, и С.А. (31) од Штип.
При преземените дејствија кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите, против тројцата ќе следуваат соодветни поднесоци.




