Полицијата во Сараево заплени окоу 900 кг опојна дрога марихуана-сканк во камион со црногорски регистрески таблички.
Акцијата била извршена утрово во областа Крупац во источно Сараево при што биле запрени два камиона со приколки и патничко моторно возило.
Во претресот била пронајдена дрогата скапувана во повеќе различни пакети. Според полицијата се работи за количина од оклу 900 кг опојна дрога што е најголема заплена на наркотици на подрачјето на БиХ.
Дрогата била наменета за илегалниот пазар во БиХ. Вредноста е околу еденмилион евра.