Турција побара дозвола за пребарување на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, во обид да го пронајдат истакнатиот саудиски новинар Џамал Хашоги, кој исчезна минатата недела.

Турските власти за викендот изјавија дека веруваат дека Хашоги бил убиени во саудискиот Конзулат во Истанбул, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека лично го следи случајот.

Турски официјален претставникнагласи дека претставникот на Саудиска Арабија во Анкара по вторпат бил повикан во Министерството за надворешни работи, а турските дипломати го замолија вработените во дипломатското претставништво да бидат „во целосна координација” околу тоа прашање.