Голем контингент полицајци денеска беше распореден низ Германија во потрага по еден или повеќе осомничени во бегство, откако двајца мажи беа убиени вчера во централниот дел на земјата, соопштија полицијата и медиумите.

Двајца мажи кои беа пронајдени мртви вчера доцна попладне во областа Хесен пред една резиденција, имале прострелни рани, соопшти полицијата.

Се распоредува „голем контингент сили“, вклучително и униформирана полиција, полиција во цивилна облека, специјални сили и хеликоптер за пронаоѓање на убијците.

„Според досегашните сознанија, нема опасност за жителите“, изјавија од полицијата, кои не ги прецизираа околностите на нападот и мотивите на сторителите.

Полицијата и обвинителството отворија истрага.

Фото: МИА архива