Полицијата во текот на вчерашниот и денешниот ден лиши од слобода 9 лица на различни локации. Меѓу уапсените се и двајца малолетници.

-Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(42), Д.К.(22), Д.А.(38), А.П.(33), А.Ј.(30), А.В.(24) и 17-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од с.Блаце, скопско, J.K.(19) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана, информира МВР.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.