Полицијата во Струмичко ноќеска открила уште 55 мигранти, соопшти денеска МВР.
„Педесет и пет мигранти се пронајдени околу 4 часот по полноќ на локалниот пат кон води кон селото Триводи, струмичко. Возачот на товарното возило „ивеко“ побегнал заедно со мигрантите но, по извршениот претрес на теренот се пронајдени мигрантите“, се вели во наводот во полицискиот билтен.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во соопштението.
Стана практика полицијата да ги фаќа мигрантите кои се транспортираат низ Македонија, но многу често возачите и бегаат.