Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 6 до 24 часот на 24.08.2019 година во рамки на акциската контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, регистрира вкупно 35 прекршоци, за што се издадени соодветни казни.
Од МВР информираат дека се откриени и 39 останати прекршоци, при што издадени се 13 прекршочни платни налози и 26 мандатни платни налози.