Националнот совет, како највисок орган на опозициската Демократска партија (ПД) вчера на предлог на партискиот лидер Љуљзим Баша, донесе едногласна одлука за откажување на пратеничките мандати.
Исто така на предлог на Баша, пред два дена едногласна одлука за откажување на пратеничките мандати донесоа 43-цата пратеници од ова партија. Тие сега потпишаа и изјави за откажување од мандатот.
Вакви изјави потпишаа и членовите на пратеничката група на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), чиј лидер е Моника Кремади, сопруга на претседателот Илир Мета.
Од 19-те пратеници на ЛСИ изјава не потпишал единствено пратеникот Лефтер Кока.
Изјавите в петок ќе бидат доставени до Собранието, со што Парламентот првпат се доведува во „состојба без преседан“.
Демократскиот лидер Баша изјави дека пратениците ќе бидат заедно со граѓаните како обични граѓани оти опозицијата ќе ја води битката за соборување на „криминалната Влада“ и враќање на демократијата, правото на подобар живот и стопирање на миграцијата на младите.
– Оваа голема битка ќе ја добиеме за Албанија, за демократијата, Европа, Америка, за денешнината и за иднината на оваа земја. Затоа ве повикувам сите на утрешниот протест во 10 часот пред албанскиот Парламент, кој ќе и биде вратен на Албанија и на Албанците, а не на криминалот, рече вчера меѓу другото Баша.
Меѓу оние кои со потпишувањето на изјава повеќе не се пратеници се и партиските лидери Баша и Круемади.
Претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи ја одложи пленарната седница закажана за денеска во 10 часот поради закажаниот масовен протест на опозицијата и сознанијата дека ќе има обид за насилно влегување во законодавниот дом.
Албанскиот прв парламентарец со став и за актуелната политичка состојба, за која смета дека „во последно време е влошена што е на штета на угледот на државата“.
– Кој не ни посакува добро, ги трие рацете поради сцените на насилство, а сето тоа го гледа светот. Оние кои не поддржувале и не поддржуваат, очигледно се чувствуваат лошо, рече Ручи.
За одлуката на опозициските пратеници да се откажат од мандатите Ручи рече дека тоа е „политичко самоубиство“.
– Откажувањето од пратенички мандати и опозиција, која политички се самоубива и нанесува штета на државата. Одлуката на опозицијата е бомбаш-самоубиец што во воздух ги разнесува работниците, но и целата политика. Ултиматумите не се демократски, власта не се зема на маса, посочи Ручи.