Под чудни околности се затвора еден од најголемите синџири на маркети каде граѓаните пазарат поевтино, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Претходно предупредивме дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана. Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот. Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта? Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино? Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објавивме вчера повеќе маркети на фирмата КАМ беа затворени за граѓаните. Претходниот ден, во гостувањето на ТВ Телма, директорката на УЈП и висок фукционер на СДСМ, Сања Лукаревска објави  акција на 300 инспектори во КАМ, што вчера и се реализира.

Од управата на КАМ вчера испратија соопштени во кое се вели:

– Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, соопштија од КАМ маркети, соопштија од фирмата.

Реакциите од граѓаните беа дека обично пописи се прават на почетокот од годината, а не во март. Внимание вчера предизвика и реакцијата од поранешниот пратеник, познатиот македонски оперски пејач Игор Дурловски:

– Кипер го рекламираат, Кам го пломбираат. Е, Нøрдистане земјо мизеријо!, објави Дурловски на социјалните медиуми.

Неговата алузија се однесува на реклама која од министри во Владата  и на Фејсбук го рекламираат трговскиот синџир Кипер. Дурловски со својата објава на Фејсбук прилиожи и објавени новинарски текстови од кои може да се види селективност во работата на владините институции.

(Д.Г.)