Администрацијата на американскиот претседател, Џозеф Бајден премолчено и дала дозвола на Украина да изврши напад во Русија, исклучиво во близина на регионот Харков, користејќи оружје обезбедено од САД, изјави денеска американски функционер и уште две лица кои знаеле за ова прашање, објави Политико.
Според бриселскиот портал, тоа е голема промена што ќе и помогне на Украина подобро да го брани својот втор по големина град.
-Претседателот неодамна му наложи на својот тим да обезбеди Украина да користи американско оружје за возвратен оган во Харков, за да може Украина да возврати на руските сили кои ги напаѓаат или се подготвуваат да ги нападнат, потврди американскиот функционер, додавајќи дека политиката за дозволување за удари на руска територија „не е променета“.