Не морате да тренирате со часови, па ако на тоа додадете уште и време за одење и враќање дома, доволни ви се 24 минути за тренинг, а тоа можете да го направите и дома.

– Многу луѓе мислат дека немаат време да вежбаат, но тоа навистина не мора да зема премногу време. Тренинг од 24-минути, доколку се прави редовно, ќе покаже резултати за еден месец, пишува „Њуз корп“.

Во такви „брзински” тенинзи, се советува да се трча, кардио или HIIT метод на вежбање. HIIT подразбира менување на интервалот на кардиоваскуларни вежби со висок интензитет, со интервали на одмор. Ако сакате да пробате, пробајте да ја изведете вежбата за 20 секунди, а потоа 10 секунди одморете, и така по ред.