Смилот е повеќе годишна билка со жолти цвеќиња, во народот е одамна познат како природен лек за камен во жолчката. Ова билка е распространета на Медитеранот. Цути во текот на летото. Ова билка е најбарана во козметичката индустрија. Етеричното масло од смилот е многу ценето и скапо. Потребно е големо количество од ова билка, за да се добие малку од ова масло.

Смилот е омилен како цвеќе, но е добро познат како лековита билка. Се користи за лекување на жолчката и за исфрлување на камења од жолчката. Позитивно делува на органите за варење. Во употреба е и како лек за уринарниот тракт. Ова билка содржи флавоноиди, танини, смола, етерично масло, органски киселини, горки материи.

Уште во времето на Хомер во Грција, смилот се користел за лекување на раните. Ова лековита билка е лек и за кашлица и бронхитис. Го зајакнува целокупниот организам. Поволно влијае и на регулирањето на холестерол и  крвниот притисок. Се користи и во козметичката индустрија поради регенеративното делување на маслото од смилот врз кожата. Добро ја негува, хидрира и подмладува кожата.

Чај од смил за жолчката         

Чај за жолчката може да се прави само од смил или смилот да се комбинира со други лековити билки кои имаат слично делување.

Подготовка: 3 големи лажици смил се ставаат во ½ литра зовриена вода. Поклопетего  и оставете го преку ноќ да седи чајот. Наутро процедете го чајот и се пие 3 пати дневно, пред јадење. Овој чај е добар и за органите за варење, органите за мокрење, за регулирање на крвниот притисок и холестеролот, како и за зајакнување на организмот.