Скоро половина Скопје остана без електрична енергија.

Околу 17 и 20 часот, во населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Козле, Карпош, Водно… снема струја.

Засега е непознато каде е дефектот и што е причината за истиот, но сигурно станува збор за поголем проблем.

Скопјани реагираат дека ако долго време се без струја, нема да можат да се загреат во домовите.

Според информциите, проблемот е поради дефект на трафостаницата во Пинтија каде дошло до експлозија,  а која е во надлежност на МЕПСО.

Струјата три пати доѓаше, но само на кратко.