Полска денеска го обнови транзитот на жито од Украина, кој го забрани пред неколку дена.
Транзитот на украинските житарки е обновен со посебни мерки – запечатени камиони и вагони, опремени со ГПС-тракери, а забраната за увоз на голем број земјоделски производи, од жита до месо и јајца до мед, останува на сила до крајот на јуни.
Житариците од Украина можат да влезат во Полска само ако нивната дестинација е граничен премин во земјите – членки на Европската унија или некое од балтичките пристаништа каде ќе бидат товарени на бродови и транспортирани, што е целта на „Солидарниот коридор“, до земјите од Блискиот Исток и Африка.
Според новите прописи кои стапија на сила синоќа, житото првично ќе се транспортира во конвои со придружба за да се уверат домашните цариници дека житото нема да биде тајно истоварено некаде во Полска.