Претседателот на полскиот Парламент, Марек Кучински, поднесе оставка.
Причина за оставката се опозициските обвинувања за искористувањето на владиниот авион за лични патувања, кои предизвикаха огромен скандал во земјата, која се подготвува за избори, јавија француските медиуми.
Кучински изјави дека ја напушта функцијата, но беше категоричен дека не прекршил никакви закони.