Пет тинејџерки загинаа и едно момче е тешко повредено во пожар што избил во т.н „Ескејп рум“ на север во Полска.
– Девојчињата имале по 15 години, изјави министерот за внатрешни работи на Полска, Јоахим Брудињски.
Во играта Ескејп рум, учесници се затворени во една просторија и за да излезат од неа мора да решат низа заагатки.
Портпаролка на полицијата вополскиот град Кошалин изјави дека телата на девојчињата се пронајдени откако пожарникари го изгаснале пожарот што избил околу 17 часот по локално време. Момчето имало 25 години и е префрлено во болница со тешки повреди.
Според полицијата, девојчињата во Ескејп рум најверојатно славеле роденден на една од нив.