Учителите во Полска денеска стапија во штрајк со барање да им се зголемат платите, бидејќи разговорите со Владата пропаднаа.
Штрајкот во училиштата и градинките почна без да се наведе колку ќе трае.
Тоа е прв штрајк од таков вид во Полска од 1993 година.
Повеќето училишта се затворени, откако синоќа пропаднаа разговорите на синдикатите и Владата. Единствено помалиот синдикат „Солидарност“ ги прифати владините предлози и неговите членови не штрајкуваат.
Штрајкот се одвива во пресрет на клучните испити во основните и средните училишта и неколку недели пред изборите за Европскиот парламент, кои се многу важни за полската Влада.