Полска веќе не може да ја обезбедува муницијата што и е потребна на Украина, додека Русија има ресурси да ја продолжи војната, вели началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Рајмунд Анджејчак .

За време на седница полскиот генерал кажа дека не чувствува дека санкциите ќе ги намалат ресурсите на Русија, што ќе го оневозможи продолжувањето на војната.

Генералот направи и проценка за способноста на Полска да испрати муниција во Украина.

-Ние едноставно немаме муниција. Нашата индустрија не е подготвена да испрати опрема во Украина и да ги одржува сопствените резерви што се намалуваат, рече тој.