Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка, откако синоќа ја совладаа Венецуела со 2:0.
Головите беа дело на Лутаро Мартинез со петта во 10. минута и резервата Џовани Ло Селсо во 75.
Во спор околу местото во финалето, тимот на Лионел Скалони ќе се соочи со домаќинот Бразил, кој претходно го елиминира Парагвај по пенали.
Аргентините подобро ги искористија своите шанси, иако пред вториот гол тие имаа многу тешки моменти. Во втор последователен меч, тимот не дозволи гол, и ова е сигурно повод за оптимизам.
Шампионот на Копа Америка Чиле исто се квалификуваше за полуфиналето на турнирот по отстранувањето на Колумбија по пенали.
Регуларното време на „Арена Коринтијанс“ заврши 0:0 и се пристапи директно кон исполнување на удари од 11 метри. Кај нив Вилијам Тесиљо промаши за Колумбија, а по него Алексис Санчез беше бескомпромисен и го однесе Чиле во најдобрите 4.
Успехот е целосно заслужен за Чилеанците кои беа поопасниот тим на теренот, а на два пати по интервенцијата на ВАР, нивни голови беа поништени.
Ривал на Чиле во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Уругвај-Перу вечерва.