Министерството за правда, на чие чело е министерот Бојан Маричиќ, предлага 48 лица да бидат помилувани, а меѓу нив и Александар Василевски – Нинџа, сведокот на јавното обвинителство за 27 април 2017 година, настан поради кој десетици македонски патриоти завршија во затворите во Македонија.
На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот Стево Црвенковски се и бизнисменот Сеат Кочан, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4-годишниот Алмир во Куманово и други.
Од предложениот список за 45 лица се бара делумно помилување, а за тројца целосно помилување. Нинџа, кој беше сведок, подоцна е осуден зa истото дело „тероризам за настаните во Собранието на 27 април 2017 година“, поради кое се осудени десетици Македонци кои моментно се во македонските затвори.
Конечната верзија на списокот ќе биде испратен до Комисијата за помилување, во Кабинетот на претседателот на Република Македонија.