Застрашувачки се бројките кои покажуваат дека во некои места во Македонија дури за 65 отсто има помалку млади на возраст од 15 до 29 години во споредба со 2001 година. На врвот на листата е Маврово и Ростуше, потоа Ново Село со 63 отсто, Центар Жупа со 60 отсто помалку млади итн.

Наспоти уверувањето дека празна е Западна Македонија поради иселуавњето на Албанците, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите 10 места дури осум се од Источна Македонија. Така на пример, додека во Зрновци има за 56 отсто помалку млади, во Теарце тој процент изнесува 43 отсто.

Интересно е дека во Центар, кој се смета за една од побогатите општини, има за 41 отсто помалку млади, исто толку и во Аеродром, додека во Карпош процентот е само 17 отсто.

Повеќе млади во 2021 година во споредба со 2001 година има само во Шуто Оризари, Арачиново и Студеничани.