Силниот топлотен бран, којшто минатата недела ја зафати Британска Колумбија, е тоа што го предизвикало масовното угинување на школки и други морски животни кои живеат на брегот на западна Канада.
Кристофер Харли, професор на Одделот за зоологија при Универзитетот на Британска Колумбија, откри безброј угинати школки – отворени и скапани, на плажата Кикалано, што е на неколку улици од неговата куќа во Ванкувер. – Школките „се искачуваат” на карпите и другите површини и се навикнати да бидат изложени на воздух и сончева светлина за време на мала плима, вели Харли. – Но главно, тие не можат да преживеат долго над температурите над 38 степени.
Температурите во центарот на Ванкувер на 28 јуни надминаа 38 Целзиусови степени, а плажата, се верува, била уште пожешка.