Семејството на спрскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ донира еден милион евра помош за Србија во борбата против коронавирус.
Како што е објавено парите кои ги даваат Новак и неговата сопруга Јелена ќе бидат наменети за купување респираторни машини.
Најдобриот светски тенисер им се обрати онлајн на своите обожаватели од Марбеља, каде моментно се наоѓа во изолација.
Тој им изрази благодарност и го поздрави медицинскиот персонал во Србија, „кој се бори за здравјето на луѓето и се труди на секаков начин да им помогне на пациентите заразени со коронавирусот“.
– Нашата донација од еден милион евра е за набавка на респиратори и дополнителна медицинска опрема. Респираторите моментно се најпотребни за спасување на животите, истакна Ѓоковиќ.
Повеќе спортисти низ светот деновиве донираат големи суми за да помогнат во борбата против Ковид-19.