Американскиот државен секретар Мајк Помпео и претседателот на ирачкиот Парламент Мохамед ал – Халбуси денеска се согласија дека е неопходно да се намалат тензиите во Ирак и регионот, по американскиот напад во кој е убиен најмоќниот ирански генерал Касим Сулејмани, соопшти Стејт департментот.
– Помпео изрази благодарност до ал-Халбуси за трајното партнерство со САД, се наведува во соопштението и се додава дека соговорниците се согласиле за важноста за намалување на тензиите во Ирак и во регионот.