Ирачкиот парламент денеска најави дека во недела ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за американскиот воздушен напад во Багдад, во кој се убиени командантот на иранската елитна единица Кудс, Касем Сулејмани и командантот на ирачките шиитски милиции Абу Махди ал-Мухандис.

Ирачкиот премиер во оставка Адел Абдел Махди претходно денеска ги повика пратениците да одржат вонредна седница по повод американскиот напад, кој, според него, претставува кршење на суверенитетот на Ирак.

–  Убиство на ирачки воен командант, кој има официјална функција е агресија против Ирак, ирачкиот државен апарат, ирачката Влада и ирачкиот народ, рече Махди.

Според него, Парламентот треба да одржи итна седница за да се преземат „неопходните и соодветни мерки за заштита на достоинството, безбедноста и суверенитетот на Ирак“