Американскиот државен секретар Мајк Помпео и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска ја истакнуваа важноста на НАТО, истакнувајќи дека трансатлантската соработка е клучна за падот на Берлинскиот ѕид пред 30 години и оти и денес е релевантна.
Двајцата функционери ги дадоа коментарите во одбрана на НАТО, откако францускиот претседател Емануел Макрон рече НАТО е во „мозочна смрт“.
За време на посетата на германското село Медларојт, кое беше поделено за време на Студената војна, Помпео пред новинарите изјави дека со „извонредната работа на демократските земји е создадена слобода и милиони луѓе се извлечени од многу тешки ситуации“.
– Мислам дека НАТО се уште е важен, клучен, историски можеби еден од најклучните, стратешки партнери во запишаната историја, рече Помпео во Лајпциг.
Мас истакна дека не верува во „мозочната смрт“ на НАТО.
– Цврсто верувам во меѓународната соработка, додаде тој.