Американскиот претседател Доналд Трамп гради нов светски поредок, заснован на американско лидерство и на демократија, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.
– Во најдобрите традиции на нашата демократија, ние ги обединуваме благородните нации за да изградиме нов либерален поредок, кој ќе ги спречи војни и ќе постигне поголем просперитет, рече Помпео во Брисел, на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.
– При владеењето на претседателот Трамп, ние не ја напуштаме нашата улога на меѓународен лидер, ниту ги напуштаме нашите пријатели во меѓународниот систем, истакна државниот секретар..
Тој ги критикуваше Иран и Кина, отфрлајќи ги тврдењата дека Вашингтон дејствува унилатерално.
– Дури и нашите европски пријатели понекогаш велат дека ние не постапуваме во интерес на слободниот свет, а тоа едноставно не е точно. Ние работиме на зачувување, заштита и утврдување на отворен, фер, транспарентен и слободен свет на суверени држави, а не привидна обнова на либералниот поредок меѓу државите. Тоа ќе бара офанзива на Америка и лидерство, не само од мојата земја, туку и од демократиите низ светот, истакна државниот секретар во Брисел.
Тој уште рече дека САД ги поттикнуваат Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд да го намалат финансирањето на држави како Кина, бидејќи тие веќе имаат пристап до финансиските пазари за стекнување капитал.