Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека сака да изгради глобална коалиција против Иран за време на итните консултации на Блискиот Исток.

Помпео тоа го кажа пред да замине во Саудиска Арабија.

Тој рече дека сака коалиција, не само меѓу земјите од Заливот, туку и во Азија и Европа, кои, како што рече, „го сфаќаат предизвикот кој се подготвува против најголемиот спонзор за тероризам во светот”.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД ќе воведат нови санкции против Иран во понеделник.