Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска почна петдневна турнеја низ Европа со посета на Берлин, каде ќе ги покрене прашањата за недоволната германска воена потрошувачка, соработка со кинескиот технолошки гигант Хуавеј и германското учество во рускиот гасовод Северен поток.
За време на полудневниот престој во Берлин, Помпео ќе се сретне со министерот за надворешни работи Хајко Мас и германската канцеларка Ангела Меркел. Тој во Берлин требаше да дојде на почетокот на месецот, но во последен момент го откажа патувањето поради зголемените тензии околу Иран, уште едно прашање за кое САД и Германија немаат исто мислење.
Помпео ќе ги посети и Швајцарија, Холандија и Велика Британија. Пред да замине за Германија, Помпео изјави дека земјата мора да направи повеќе за да ја достигне воената потрошувачка од два проценти од буџетот, договорена со НАТО.
– Претседателот не е задоволен, изјави Помпео за американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано забележува дека Германија и другите членки на НАТО не трошат доволно пари за воени трошоци.