Десеттина картонски кутии, на кои е напишано „за добро здравје на Христијан Пендиков“ се испратени од бугарскиот бизнисмен Милен Брабевски, финансиер на бугарскиот клуб Цар Борист Трети во Охрид и Ванчо Михајлов во Битола.

Пакетите од Фондација Бугарска меморија, денеска пристигнале во бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид. Кутиите за охриѓанецот Пендиков, инаку секретар во бугарскиот клуб, кој беше натепан во Охрид на 19-ти јануари, а кафеанската тепачка во која беше повреден предизвика дипломатски скандал.

Врабевски е финансиер на клубовите во Битола и Охрид.

-Голема благодарност за докторот Милен Врабевски и фондацијата Бугарска меморија, кои константно помагаат за вистината и за братскиот народ во Македонија. Бог да му дава здравје на Христијан Пендиков и побргу да оздрави, порачаа од клубот во Охрид.

Тие објавија и фотографии од подароците од Врабевски.