Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има дојави за бомби. Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.