„Во 2011, јаболко на кавга за пописот беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако се сеќавате, во тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не“, истакнал Бујар Османи за ТВ на албански јазик „Клан Македонија“.

По сите овие најави, нема информација дали оставка ќе си поднесе директроот на Државниот завод за статистика кој првично ја форсираше идејата за попис без графа на етничката припадност.

Инаку, Македонија има издадено околу 2,4 милиони државјанства, што значи има толку лица со матични броеви. Од нив, помалку од два милиони живеат во Македонија.

Овој метод на попишување не е во согласност со ниту еден меѓународен стандард, посебно не тие на Евростат, статистичката организација на ЕУ.

Последните неколку изборни циклуси, покажуваат помалку и од половина излезност во некои делови на Македонија, посебно во западниот дел населен со албанско населние. Проценките се дека во овој момент во Македонија има помеѓу 15 и 17 отсто Албанци, што го урива Рамковниот договор. Целта на оваа операција на СДСМ и ДУИ е да се надмине тоа.

Инаку, информациите во врска со пописот зачестија во овие предизборни денови, а токму тоа е втората нивна цел: да се даде уште потврда дека за Албанците, СДСМ и Пендаровски се единствениот избор и дека со Заев на власт, се е можно. Затоа и Османи инсистира на паралелите со Груевски: тој го прекина пописот кога Албанците почнаа да се попишуваат и по скајп, независно од тоа колку време живеат овде. Сега, со Заев и СДСМ тоа е надминато, па пораката е: гласајте за Пендаровски, а после ќе стигнеме и до 35 отсто, а не само до 20 отсто Албанци колку што бара Уставот.

Но, ова право ќе важи и за Македонците, па може да се очекува една трка во презентирање на матични броеви пред пописните комисии.