Македонското и уште седум малцинства во Албанија со заедничка декларација бараат нов попис, објави ТВ Канал 5.
Според нив, постоела вмешаност во процесот на како што велат, државни функционери и структури, без надлежност и законска оправданост, за што тврдат и дека имаат веродостојни пријави. Бараат од ЕУ и Советот на Европа да не ги признаваат резултатите. На документот инаку, стојат потписите на сите признати малцинства во Албанија, освен на бугарското.
-Претставнциите на осум малцинства во Албанија, без бугарското затоа што Бугарија го призна пописот уште не завршен, ги искажавме нашите ставови дека бројките на пописот се манипулриани и не ја прикажуваат вистинската слика и бараме Албанија да спроведе нов попис за да се види реалната бројка. Во резолуцијата се евидентирани и сите прекршоци кои ги евидентиравме на пописот. Ние како Македонци наведовме се што Бугарија вршеше за време на пописот, сите мешања и обиди за асимилација, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Стерјовски вели и дека очекува прашањето да биде покренато во албанскиот парламент, а потоа да бидат викнати и на состанок во потомитетот за човекови права. Проблемот како што кажа, ќе го покренат и пред европските власти во Брисел и Стразбур.
-Ќе ги искористиме сите правни инструменти. Со грчкиот пратеник во албанското Собрание се договоривме прашањето да биде покренато во парламентот. Чекаме да не викнат и во поткомитетот за човекови права. Повторно ќе ги известиме Советот на Европа и ЕП / Ова беше конкретен пример како Албанија дозволи притисок од Бугарија на која и ги подари овие бројки кои не се реални, ова е пописен инжињеринг за Албанија да не биде попречена на европскиот пат, вели Стерјовски.
Извор: ТВ Канал 5