Попладне и кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во крајните западни и југоисточни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, што попладне на места ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, засилен ветер и можна појава на град. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголемо количество воден талог (локално над 25 л/м2).
Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 16 до 28 степени.
И во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат. Потоа, во наредните три дена ќе биде претежно стабилно, освен во планинските региони каде ќе има краткотраен дожд со ретки грмежи.