Пожар избувна попладнево околу 13 часот во куќа на улицата „8 март“ во Струмица, во местото викано Дупена чешма. Повредени нема, причинета е само материјална штета.
Спорд командирот на Територијалната противпожарна единица на Струмица Александар Гудев, пожарот е брзо угаснат со две противпожарни возила и седум пожарникари, а една повозрасна жена поради претпазливост е префрлена во струмичката болница на преглед.
Во тек е увид за утврдување на причините за пожарот.