Србија може без царина да извезува во Русија практично се што произведува во земјоделството, изјави српскиот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Тој, по состанокот со рускиот министер за земјоделство Димитриј Патрушев, рече дека се огромни потенцијалите за соработка на двете земји во областа на земјоделството.

Поповиќ, кој со Патрушев се сретна на Межународниот економски форум во Санкт Петербург, наведе дека со рускиот колега разговарале и за примената на ИТ технологијата во земјоделството, како и за примена на иновации во оваа област. Притоа истакна дека Србија во тој поглед е на високо ниво, благодарејќи на научните центри и инженерите.

– Се договоривме во наредниот период тие наши знаења да ги покажеме овде во Русија, истакна Поповиќ.

Форумот завршува денеска, а главна тема беше „Изградба на економии со доверба“.