Има место за разбирање, Македонците и Бугарите имаат заедничка историја околу 120-130 години, изјави универзитетскиот професор и поранешен министер, Владо Поповски за ТВ 24.

– Ако Бугарија има приговори на историјата, тие прашања треба да се остават на историчарите. Двете влади треба да разговараат за европските вредности, колку тие се реализирани, колку односите меѓу двете држави се добросовесни и благонаклони за соработка, рече Поповски во гостувањето на ТВ 24.