Додека идните противници ги одмеруваат меѓусебно силите, Емануел Макрон освојува поени во јавното мислење. Според анкетата на БВА-Оранж-РТЛ, 46 отсто од Французите имаат добро мислење за Претседателот на француската република, јави дописникот на МИА од Париз.
Ова претставува значително зголемување (+6 поени) откако се најде на околу 40 отсто од поволните мислења во истиот барометар во претходните месеци.
Шефот на француската држава напредува во сите категории на население, дури и во оние што традиционално се понеповолни за него, како што се службениците и работниците (40 отсто, +7 поени). Тој, исто така, останува многу добро позициониран во богатите социјални категории: 52 отсто од овие Французи имаат добро мислење за него.
Како што се приближуваат претседателските избори во 2022 година, Емануел Макрон ужива многу поголем рејтинг на популарност од неговите претходници. Седум месеци пред изборите, Никола Саркози имаше вкупно 32 отсто од поволните мислења во септември 2011 година. Од своја страна, во септември 2016 година, Франсоа Оланд имаше само 18 отсто од позитивните мислења.