Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста успеал да издејствува интересна клаузула во договорот со кинескиот клуб Чонгкинг Лифан, кој речиси сигурно ќе биде негова следна дестинација.
Фудбалерот објави минатиот петок официјално дека ги напушта Каталонците по 22 години поминати со нив, бидејќи повеќе не е на ниво, вредно за клубот.
Пред неколку недели, пак, стана јасно дека винскиот бизнис на Иниеста е една од причините поради кои го избрал кинескиот клуб. Весникот „Мундо Депортиво“ тврди дека Чонгкинг Лифан е должен да купи шест милиони шишиња вино од визбата на Андрес – „Бодега Иниеста“, а просечната вредност на едно шише е шест евра.
Весникот тврди дека тригодишниот договор е потпишан, но сé уште не е официјално објавен. Според неговите параметри, платата на Шпанецот ќе изнесува 27 милиони евра за сезона. Ако тој го исполни својот договор со Кинезите, техничарот ќе заработи вкупно 117 милиони евра без бонуси.