Сега поранешниот свештеник Рикардо Чекобели (42), реши да го напушти свештенството, затоа што се вљубил, пишува весникот „Кориерe“. Тој минатата недела ја одржа последната миса во црквата Сан Феличе, во Маса Мартана, близу Перуџа. Се прости од верниците и ја напушти својата дотогашна должност, пишува весникот „Кориерe“.

– Не жалам за тоа, мојот избор е природен. Ја донесов одлуката по многу размислување. Не можев да продолжам да живеам криејќи ги своите чувства. Сега чувствувам слобода, искреност и интегритет, рече Чекобели.

Тој за весникот објаснува дека најпрво бил во пријателски односи со Лора, поради која го напуштил свештенството. Но, љубовта се родила спонтано и тој не го прекршил заветот на својот свештен повик додека бил свештеник.

Неговиот татко Карло, на прашање – дали е задоволен од изборот на неговиот син, рече дека „одлуките на децата се прифаќаат без прашање“.