Земјоделците денеска блокираа еден од главните автопати кои го поврзуваат Париз со градот Лил во северниот дел на Бенелукс и Велика Британија, предизвикувајќи километарски сообраќаен метеж.

Синдикатите на земјоделците денеска повикаа на блокади на патиштата во и околу Париз за да се засили притисокот врз владата која фармерите ја обвинуваат дека не прави доволно за да се справи со, како што велат, ниските цени на храната и строгите регулативи.

Поради блокада на патот А1 северно од Париз утрово веќе се формирала редица долга четири километри, соопшти Министерството за транспорт.

Француските медиуми јавуваат дека фармерите поставиле блокади во раните утрински часови на раскрсниците јужно од Париз, а главните протести започнаa попладнево.